Метју Пери / Илустрација - пожари во Лос Анџелес / Фото: Profimedia / EPA

Пожарот во Лос Анџелес ја „проголта“ и куќата во која почина Метју Пери, месеци откако беше продаденa за 8,5 милиони долари

Бројни ѕвезди беа евакуирани од своите домови поради еден од најразорните пожари во историјата на Лос Анџелес, вклучувајќи ги Бен Афлек, Џејмс Вудс, Јуџин Леви и други. На некои веќе им се уништени домовите од пожарот, како Парис Хилтон, Спенсер Прат, Ентони Хопкинс, Џон Гудман и Мајлс Телер.

А, како што пренесува „Дејли мејл“, пожарот ја зафатил и куќата во која почина актерот од „Пријатели“ Метју Пери.

Инаку, куќата беше продадена на Анита Верми-Лалијан пред неколку месеци за 8,5 милиони долари. Верма-Лалијан во приказна на Инстаграм потврди дека таа и нејзиното семејство се безбедни, но не даде никакви информации за состојбата на имотот.

„Благодарам на сите што се јавија. Нашето семејство е безбедно и чекаме вести. Се молам за сите погодени од пожарот“, напиша таа.

Верма-Лалијан откри во октомври минатата година, кога ја купи куќата на Пери, дека планира да го користи имотот како викендица.

Продажбата на куќата се случи една година по трагичната смрт на актерот. За потсетување, Пери беше пронајден мртов во џакузи на 28 октомври 2023 година, на 54-годишна возраст. Неговата смрт е припишана на „акутните ефекти“ на кетаминот, поради што изгубил свест и се удавил.

Актерот го купи гореспоменатиот дом во 2020 година и го реновираше пред неговата смрт – заменувајќи ги светлите дабови подови со потемно дрво и бохо мебелот со посветли бои.

ФОТО | Куќата во која почина Метју Пери е продадена за 8 милиони долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот