Пожари Шпанија Фото: ЕПА

Пожарникарите и војската во Шпанија се борат со пожарите

Пожарите се поттикнати од надпросечните температури за овој период од годината во Шпанија, кои во последните денови надминаа 30 степени Целзиусови во Галиција.

Пожарникарите се борат со два пожари во Галиција, северозападна Шпанија, со помош на армијата, во услови на широко распространета суша и сè уште високи температури.

Во покраината Луго, 82 противпожарни бригади и 25 пожарникари се борат со пожар што избувна во четврток и досега уништи околу 1.400 хектари земја, соопшти регионалната влада.

Во соседната покраина Оренсе, 34 бригади и 17 пожарникари, исто така, се борат со пожар што избувна во четврток и опустоши површина од 240 хектари.

Неколку десетици луѓе беа евакуирани во петокот навечер, но повеќето оттогаш се вратија дома.

Пожарите се поттикнати од надпросечните температури за овој период од годината во Шпанија, кои во последните денови надминаа 30 степени Целзиусови во Галиција.

Во сабота се очекуваат дожд и пад на температурите, што треба да им ја олесни задачата на пожарникарите.

Западна и северозападна Шпанија, како и соседна Португалија, беа опустошени од катастрофални пожари ова лето.

Четири лица загинаа во секоја од овие две земји. Според Европскиот информативен систем за шумски пожари, речиси 330.000 хектари земјиште изгореле во Шпанија и речиси 250.000 хектари во Португалија за само неколку недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот