Фото: Креирана илустрација

Пожар во Центар Жупа: „Електродистрибуција“ ќе одговара поради неисправен далековод

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против „Електродистрибуција“ ДООЕЛ Скопје и против 47-годишен вработен од Куманово, осомничени за кривично дело „предизвикување општа опасност“.

„Тие не постапиле според прописите и техничките правила и не го одржувале во исправна состојба далеководот за селото Мал Папрадник во општина Центар Жупа, ги прекршиле техничките правила за мерките за заштита поради што на 30 авгист 2025 година настанал пожар на ниви во атарот на селото Мал Папрадник и биле доведени во опасност животот и имотот на населението“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот