фото: МИА

Пожар му се заканува на скопското село Буковиќ

Шумски пожар избувна изутринава околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена е дабова и деградирана шума, информира за МИА, заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.

Гори поголема површина, а во гаснењето на пожарот се вклучени три противпожарни возила вели заменик-командантот Томески.

– Во моментов има ветер што влијае на ширење на пожарот, неконтролирано на сите страни. Но, ние не дозволуваме да се рашири пожарот и да се доближи до селата. На терен се и четири лица од ЈП „Национални шуми“ – рече Томески.

Месното население е вклучено во гаснењето на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот