Фото: Pexels / Jonathan Borba

Поза со која ќе ѝ подарите незаборавно сексуално искуство на партнерката за Денот на вљубените

Ако не знаете што да ѝ подарите на вашата партнерка или сакате да внесете малку возбуда во овој Ден на вљубените, ви предлагаме да ѝ подарите незаборавно сексуално искуство, пишува „Живим“.

Зошто да не пробате тантрички секс? Ова е долга и бавна љубовна игра што ќе ве поврзе со партнерката на духовно ниво. Целта е да уживате во секој момент без да се фокусирате на оргазмот.

Создадете романтична атмосфера во собата – запалете миризливи свеќи, наредете повеќе перници на креветот и пуштете тивка музика. Важно е да го почувствувате телото на партнерката, да ја гледате во очи, да комуницирате и нежно да ја допирате… Разбудете нови сетила.

Вашето дишење треба да биде длабоко и смирено – бидете свесни за секој вдишувај и издишувај. Ова ќе ви помогне да се ослободите од стресот, да се оддалечите од секојдневието и да се поврзете со партнерката со целото тело и дух.

„Yab Yum“ е класична поза за тантрички секс. Мажот седи со исправен грб во положба на лотос, со скрстени нозе. Жената седи во негов скут, свртена кон него, со нозете завиени околу неговиот грб. Ова создава заедничка положба во која двата партнера можат да се гледаат во очи, да ги допираат челата и да го синхронизираат своето дишење.

Оваа поза овозможува усогласување на чакрите, кои играат голема улога во тантричкиот секс, создавајќи длабока интимност на духовно и енергетско ниво.

Можете да ја пробате и линеарната поза, каде што двајцата лежите, а жената е одозгора, целосно покривајќи го партнерот. На овој начин, секој дел од телото на двата партнера е усогласен и во целосен контакт. Оваа замена на улогите, каде што жената е доминантна, може да создаде посилна поврзаност и интимност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот