Глечер/ Фото: RALPH THORNTON/USGS / Sciencephoto / Profimedia

Површината на глечерите во Перу за половина век е намалена за 56 проценти

Во последните 53 години, глобалното затоплување доведе до топење на 56 отсто од површината на перуанските глечери, што резултира со формирање на нови глацијални езера, соопшти Министерството за животна средина на Перу.

– Од 1962 година, перуанските Анди изгубија 1.348 квадратни километри глацијална површина, што претставува загуба од 56 отсто, се вели во соопштението.

Се додава дека глечерот Пасторури, кој се смета за еден од скапоцените камења на националниот парк Хуаскаран, изгубил повеќе од 50 отсто од својата површина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот