Авион илустрација/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Повредениот Пендиков ќе биде пренесен од Охрид во Софија со бугарскиот владин авион „Фалкон“

Бугарската влада започна операција за евакуација на тешко повредениот Христијан Пендиков, кој е секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, дознава BTV од бугарското дипломатско претставништво во земјава.

За таа цел ќе биде испратен владиниот авион „Фалкон“ заедно со екипа од Воено-медицинската академија – двајца лекари и медицинска сестра за реанимација.

Претходно денеска се појави информација дека 23-годишниот Кристијан ќе биде превезен со авион „Спартан“.

Шефот на државата најостро ги осуди систематските прекршувања на правата на Бугарите во Северна Македонија.

Евакуацијата доаѓа откако шефот на бугарската држава Румен Радев изрази цврст став кон Северна Македонија за она што се случи и посочи дека нашата земја е подготвена да организира воздушна евакуација.

Дваесет и тригодишниот Христијан од синоќа е хоспитализиран во Охрид со напукнат пршлен и повеќе повреди по целото тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот