Украина војници EPA-EFE/c

Повеќето членки на АПЕК ја осудија војната во Украина

Повеќето лидери на азиско-пацифичкиот регион ја осудија војната во Украина во последната декларација од самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), објавена денеска.

По ден и пол разговори во Бангкок, лидерите на членките на АПЕК, 21 од нив се согласија на заедничка декларација во која се критикуваат конфликтот и светските економски нарушувања предизвикани од руската инвазија врз Украина.

– Повеќето членки најостро ја осудија војната во Украина и истакнаа дека таа предизвикува огромно човечко страдање и ги зајакнува постојните слабости на светската економија – се наведува во декларацијата.

Декларацијата беше одобрена од сите членки на АПЕК, вклучително и Русија и Кина – кои се воздржаа од отворено критикување на Москва поради инвазијата.

– Имаше и други мислења и оценки за ситуацијата и санкциите – се вели во декларацијата, повторувајќи ги дословно зборовите од декларацијата објавени по самитот Г20 на водечките светски економии што се одржа претходно оваа недела на Бали.

Во декларацијата на АПЕК се жали за влијанието на украинскиот конфликт врз економскиот раст, инфлацијата, синџирите на снабдување и безбедноста на енергијата и храната.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот