Босанско знаме / Фото: Профимедиа

Повеќе пари од дијаспората, повеќе заминувања од Босна и Херцеговина

Износите на дознаки од дијаспората растат секоја година. Само во првиот квартал од оваа година, во Босна и Херцеговина пристигнаа 930 милиони КМ. Значајна помош за семејствата, за економската рамнотежа на земјата, но и аларм дека сè повеќе работоспособно население емигрирало од земјата, пишува Фактор.ба. Според податоците од Централната банка на БиХ, во првиот квартал од оваа година, во БиХ пристигнале 930 милиони КМ од дијаспората, што е за 72 милиони КМ повеќе отколку во истиот период минатата година.

Колку е значајна сумата што доаѓа од дијаспората покажува фактот дека во текот на целата минатата година вкупно 5,7 милијарди КМ биле испратени во БиХ. Заменик-министерот за финансии и трезор на БиХ, Мухамед Хасановиќ, истакнува дека дознаките од дијаспората се приближно 10 проценти од БДП на БиХ. – Во парична смисла, тоа е приближно три милијарди долари и многу е важно што ги имаме тие пари – изјави тој, пишува БХРТ. Поголемиот прилив на дознаки е секако показател за зголемениот одлив на населението, и тоа на работоспособните, кои дел од својата заработка ја испраќаат во својата матична земја кај своите семејства за да преживеат вели економистот Алекса Милојевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот