
Повеќе од 300 милијарди долари се инвестирани во нуклеарна енергија ширум светот
Напорите на Европа за проширување на капацитетот на ветерната енергија се под нивото потребно за исполнување на климатските и енергетските цели на Европската унија за 2030 година, и покрај тоа што енергијата на ветерот обезбедува 20 отсто од електричната енергија на континентот во 2024 година, истакнува индустриската групација ВиндЈуроп, објави Политика.рс.
Препорачано
Во 2024 година, Европа додаде 15 гигавати нов капацитет за енергија од ветер – 13 на копно и 2,3 гигавати од офшор ветерни електрани. Меѓутоа, за да ги постигне своите климатски цели до 2030 година, ЕУ треба да произведува 30 гигавати годишно, пишува во билтенот на Агенцијата за енергетика на Србија АЕРС.
Целта е енергијата на ветерот да претставува 34 отсто од нејзината потрошувачка на електрична енергија до 2030 година и повеќе од 50 отсто до 2050 година.
„Европа не гради доволно нови ветерни електрани од три главни причини: повеќето влади не применуваат правила на ЕУ за издавање дозволи. Новите врски на мрежата заостануваат и Европа не ја електрифицира својата економија доволно брзо, рече извршниот директор на ВиндЈуроп, Жил Диксон.
Во исто време, глобалните инвестиции во нуклеарната енергија се зголемени за повеќе од 50 отсто во речиси секој регион во последните пет години, пишува ЗероХеџ. Во последните пет години, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) процени дека во светот се инвестирани повеќе од 300 милијарди долари во нуклеарна енергија. Јужна Америка и Евроазија, особено, го видоа потенцијалот во нуклеарната енергија, повеќе од двојно зголемувајќи ги нивните годишни стапки на инвестиции, известува AEРС.