
Повеќе од 3.000 случаи на мајмунски сипаници во Сиера Леоне, 14 починати
Бројот на случаи на мајмунски сипаници во Сиера Леоне од почетокот на годината достигнал 3.011, вклучувајќи 14 кои починале откако се заразиле со вирусот, соопшти денес Министерството за здравство.
Препорачано
До средината на мај, здравствените власти пријавија 11 смртни случаи и повеќе од 2.045 случаи на инфекција во западноафриканската земја, се вели во соопштението, додавајќи дека бројот и на заразени и на починати во меѓувреме се зголемил.
Во соопштението се вели дека сите 16 области во Сиера Леоне имаат регистрирано случаи на мајмунски сипаници, и се додава дека капацитетот на болниците се зголемува со додавање кревети за сместување на неколку стотици пациенти.
„Го реновиравме центарот за обука на полицајци во Фритаун за да овозможиме инсталирање на 400 кревети за сместување на пациенти“, изјави неименуван функционер на министерството, додавајќи дека невладината организација „Лекари без граници“ (MSF) испратила финансиска помош.
Мајмунските сипаници се манифестираат со висока температура и појава на плускавци на кожата.
Болеста за прв пат е идентификувана во Демократска Република Конго во 1970 година, а долго време останала ограничена на десетина африкански земји. Во 2022 година, болеста почна да се шири во остатокот од светот, особено во развиените земји каде што вирусот никогаш претходно не циркулирал.
Минатата година, Светската здравствена организација прогласи највисоко ниво на тревога за болеста.
Првите случаи се регистрирани и во нашата земја, откако болеста беше потврдена кај двајца заболени. ИЈЗ соопшти дека се во добра состојба и дека нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање.
Немаат симптоми лицата кои биле во контакт со заразените со мајмунски сипаници