Клинички центар
Влез во Клинички центар / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Повеќе од 200 жители на Трубарево се прегледани за два дена, осуммина се упатени на Пулмологија

Само вчера се прегледани повеќе 100 луѓе на двата пункта во Трубарево, од кои осум беа упатени на Клиниката за пулмологија поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контролни прегледи, соопштија од Министерството за здравство.

-Скринингот опфати клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет. Во текот на двата дена беа прегледани повеќе 200 жители, акцијата имаше голем одѕив и беше добро прифатена од локалното население. Во следниот период ќе продолжиме да ја следиме состојбата во соработка со Клиниката за пулмологија и сите надлежни институции – изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

Според информациите од медицинските тимови, пациентите кои биле упатени на Клиниката имале симптоми како потешко дишење, сува кашлица и стегање во градите. Дополнително, кај дел од граѓаните бил детектиран и висок крвен притисок, по што им биле дадени совети да се обратат кај матичните лекари за натамошни испитувања.

Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за пулмологија, спроведе дводневен скрининг на населението во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални симптоми на заболувања на дишните патишта, по пожарот во објект со електронски отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот