Фото: EPA-EFE

Потрошувачката на гас во Русија минатата година зголемена за 5,2 насто

Потрошувачката на гас во Русија се зголеми за 5,2 проценти во 2024 година и достигна 521,5 милијарди кубни метри, како последица на постудената зима, објави денеска „Газпром“ во својот годишен извештај.

Руската државна компанија соопшти дека главни придонесувачи за зголемувањето на потрошувачката се енергетската и нафтената индустрија, како и секторите за домување и комунални услуги, како и општото население, пишува руски ТАСС.

„Потрошувачката се зголеми и во земјоделскиот сектор, главно поради спроведувањето на регионалните програми за гасификација и регазификација“, соопшти „Газпром“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот