Украински војник извидува од фронтот спроти проруските сили кај Доњецк - Фотографија ЕПА, Стас Козлјук

Потпишан указ за општа мобилизација во Луганск и Доњецк

Лидерот на самопрогласената „Луганска Народна Република” (ЛНР) Леонид Пашечник денеска потпиша указ за општа мобилизација, јавуваат руските медиуми.

– Донесов одлука да објавам општа мобилизација на територијата на Луганска Народна Република, се наведува во указот на Пашечник.

Претходно, општа мобилизација прогласи и лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република” (ДНР), Денис Пушилин.

Пашечник и Пушилин вчера објавија почеток на евакуација на граѓаните кон Ростовската област во Русија, наведувајќи дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски наскоро ќе издаде наредба за напад на Донбас.

Сепак, Украина тврди дека не подготвува операција во Донбас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!