Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF CONDITIONS -

Постигнат договор: Вирц станува најскапиот фудбалер во историјата на Премиер лигата

Ливерпул и Баер Леверкузен постигнаа договор, германскиот фудалер Флоријан Вирц од наредната сезона ќе го носи дресот на „црвените“. Англискиот клуб ќе плати вкупно 150 милиони евра, сума што ги вклучува и бонусите, потврди експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Вирц веќе пред две недели ги договорил личните услови со Ливерпул, а останува само уште да ги заврши медицинските тестови и официјално да стави потпис на договорот.

Интерес за 21-годишниот германски репрезентативец имаше од речиси сите европски гиганти, но Ливерпул беше најбрз и најконкретен, па на крајот ја доби трката за потписот на Вирц.

Со трансферот од 150 милиони евра Вирц ќе сруши и неколку рекорди, станувајќи најскап фудбалер во историјата на Ливерпул, но и најскап воопшто во Премиер лигата. Исто така ќе биде продаден за најголема сума за која замнал еден фудбалер од Бундеслигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот