Фото: EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

Постигнат договор: Погба се враќа на терените!

Поранешната ѕвезда на Јувентус и Манчестер јунајтед, Пол Погба, конечно се враќа на фудбалските терени, откако повеќе од година и пол беше надвор од игра поради суспензија за допинг.

Францускиот репрезентативец во февруари 2024 година беше казнет со четиригодишна суспензија, но по жалбата, казната беше намалена на 18 месеци. Јувентус веднаш го раскина договорот со Погба, кој сега започнува ново поглавје во тимот на Монако.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо го потврди трансферот со своето препознатливо „Here we go“, најавувајќи дека Погба наскоро ќе стави потпис на договор со клубот од Кнежеството, за кој ќе настапува во следната сезона.

Последен пат, Погба одигра официјален натпревар во септември 2023 година, во дресот на Јувентус. Тоа значи дека ќе поминат речиси две години пред повторно да го видиме на терен. Останува да се види во каква форма ќе се врати 31-годишниот играч на средината од теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот