Разме Кумбароски/Приватна архива
Разме Кумбароски/Приватна архива

Постхумно издание на книгата „Гласје во драматургијата“ на Разме Кумбароски

Деновиве излезе од печат последната авторска книга на Разме Кумбароски „Гласје во драматургијата“ која постхумно беше издадена од Медитеранската Академија „Браќа Миладиновци“ во Струга. Книгата е посветена на драматургијата и е една од најбогатите јазични патувања во македонскиот јазик: патувања со богињата на изгревот и зората Еос, до живожарицата на уникатниот Ристо Крле.

Разме Кумбароски/Приватна архива

Во предговорот на книгата авторот вели: “За да се напише овaа книга, поттикот го согледував по тековноста и насоките на метафизичката целина на јадрото и моите загрепски колеги… Ме опсипуваше големиот памфлет и сублимен на Лесинг, дека не е потребно да се пишуваат „големи и недостижни книги и страници‘‘. Немав потреба да пишувам таква сестрана книга. Напротив. Откривав една вистинска креативна патнина на својот заумен и мајчин јазик.” Тој додава: “Човекот веруваше во светот. Затоа и гласјето и драматургијата со стремеж посакуваа да го дофатат високиот степен на знаење и совршеност. Тешко се искачуваше тој тих струен разнос до високите скалила и кристали на апсолутноста.”

Книгата брои над 200 страни и ќе биде достапна во поголемите книжари и библиотеки низ државата.

Разме Кумбароски е современ македонски писател, поет, критичар, романсиер, есеист, преведувач, музичар. Роден е на 29 март 1944 година во Струга, каде живееше со своето семејство до крајот на својот живот. Почина во ноември 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот