Фото: Промо

Постхумна ревија на најновата колекција на Фросина Кулакова на 26 октомври во Белград на „Топ модел Европа Балкан“

Во хотелот „Москва“ во Белград на 26 октомври ќе се одржи ексклузивна модна вечер посветена на финалето на „Топ Модел Европа Балкан“. Овој престижен настан ќе ги обедини најдобрите манекенки, манекени и фотомодели од регионот, претставувајќи ги најперспективните таленти и најновите модни креации од Балканот. На сцената ќе блеснат 20 македонски манекени и манекенки кои ќе се борат за првото место и титулата победник.

Публиката ќе има можност да проследи модни ревии на три реномирани македонски дизајнерки: Душица Шалева, препознатлива по своите уникатни модели од високата мода и стилистика за познати личности. Ирина Тошева, која ја освежува сцената со современ пристап и смели иновативни креации. Фросина Кулакова, со постхумна трибјут ревија, преку која ќе биде претставена нејзината најнова колекција и ќе се оддаде почит на нејзиниот исклучителен талент, уникатност и визија.

Победниците од ова балканско финале ќе го претставуваат регионот на европското финале во Брисел, каде ќе се натпреваруваат со најдобрите таленти од целиот континент. Жирито ќе ги оценува натпреварувачите според нивната харизма, самодоверба и умешност во претставувањето на модните креации.

„Би била многу горда ако некој од Македонија победи на натпреварот“, вели стилистката Шалева, директорка на „Топ Модел Европа Балкан“.

„Топ Модел Европа Балкан“ во Белград ветува вечер исполнета со стил, креативност и инспирација – вистински празник на модата и талентот! Не пропуштајте ја шансата да откриете нови модни таленти и да уживате во вечер исполнета со гламур и креативност!

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!