СП. архива

Поставен е 60 метарскиот цевковод, се очекува нормализирање на водоснабдувањето во Тетово

Вработените во тетовскиот водовод завршија со поставувањето на новиот цевковод од 60 метри во мрежата на новиот водоснабдителен систем со што се очекува од денесka да почне нормализирање на снабдувањето со вода во Тетово.

Денеска е деветтиот ден како во градот има недостиг на вода и рестрикции откако на 23 февруари беше утврдено уништување на 60 метри од цевкодовот од новиот водоснабдителен систем поради ерозија на земјиште во планинската месност Лешница.

По поставувањето на цевководот во должина од 60м и големина од фи-500 пуштени се првите 50 литри како доток на вода од новиот водоснабдителен систем. Во наредните 20 часа постепено ќе се пуштаат и дополнителни количини вода со цел да не се преоптовари системот. Како што ќе пристигаат и зголемуваат количините вода во резервоарите и во мрежата ќе имаме основа и за намалување на рестрикциите. Очекуваме денес да биде укината рестрикцијата од 15 до 18 часот, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод и канализација”.

Градот поради дефектот се соочи со 150 литри помалку преку новиот водоснабдителен систем кој обезбедува водоснабдување од планинските реки.

-Овој водоснабдителен систем има и пречистителна станица, водата поминува преку соодветни филтри и безбедна и чиста стигнува до корисниците, објаснува Шаќири.

Поради проблемот во системот беа воведени рестрикции во водоснабдувањето од полноќ до пет часот, потоа од 08:30 до 11 часот и од 15 до 18 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот