Стивен Џерард ангажира звучни трансфери во Астон Вила/ фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

После Кутињо, Џерард ќе добие уште едно големо засилување

Откако од Барселона позајмица стигна Бразилецот Фелипе Кутињо, нов член на Астон Вила која ја води Стивен Џерард според најавите ќе биде и францускиот лев бек Лукас Дињ.

Составот од Бирмингем се договори со Евертон за 28-годишниот дефанзивец, во трансфер вреден 27 милиони евра.

Дињ во изминатите три и пол години го носеше дресот на „карамелите“ за кои одигра 125 натпревари и запиша шест голови.

Во својата професионална кариера беше дел од врвни европски клубови како Барселона, Рома, ПСЖ и Лил.

Астон Вила со ангажирањето на Дињ ќе добие играч кој знае да асистира, но станува збор и за еден одличен изведувач на слободни удари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот