
Порно актерот боледува од „тешка деменција“: Рон Џереми не е способен за судење
Рон Џереми (69), ѕвезда од филмовите за возрасни, боледува од „тешка деменција“ и поради тоа веројатно нема да му се суди на 17 јануари.
Препорачано
Џереми е обвинет од обвинителството во Лос Анџелес за напади врз 21 жртва, меѓу кои и 15-годишно девојче, дела кои се стари повеќе од две децении. Последниот наводен напад се случил врз млада девојка во стриптиз клуб помеѓу 2002 и 2003 година. Обвинението беше поднесено кон крајот на јуни 2020 година, за напад врз четири жени, а во август истата година уште 20 жртви се приклучија на тужбата против Џереми.

Во мејл до кој дошол „Лос Анџелес Тајмс“, заменик окружниот обвинител на округот Лос Анџелес, Пол Томпсон, вели дека експертите за ментално здравје и правниот тим на Рон Џереми ја утврдиле неговата состојба, за која нема докази дека ја лажирал.
„Како резултат на договорот на експертите, обвинетиот ќе биде прогласен за неспособен да му се суди“, напиша Томпсон во гореспоменатиот мејл.
Некои од роднините на Рон Џереми се сомневале дека тој боледува од деменција уште пред неговото апсење во 2020 година, се вели во мејлот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
31мин
-
46мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5