Илија Димовски

Порано со милијарда евра се правеа автопатишта, а сега Владата се зајми за плати, вели Димовски

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во гостувањето на ТВ24 вечерва упати критики дека не постојат капитални инвестиции во државава и дека Владата се задолжува за да подели плати.

„Поранешни министри најавуваат дека се потребни милијарда евра за да поделиме плати. Доаѓаме во ситуација кога со милијарда евра порано можеше долж цела држава да се направат автопатишта. Ние кога земавме задолжување за капитални проекти како болницата во Штип, имаше паники во општеството, се блокираа процесите и се испраќаа писма до ММФ и Светска банка“, рече Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот