Фото: Миа

Поранешниот пакистански премиер осуден на 3 години затвор за корупција

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан е осуден на 3 години затвор поради корупција, јавува BBC.

Претседателот на ПТИ е уапсен во неговата резиденција во Лахоре. Судот во Исламабад го обвини Кан дека лажел за државните подароци кој ги добил за време на неговиот мандат.

Со пресудата на Кан му се забранува политичка функција во следните пет години. Тој негира вина и најавува жалба до повисокиот суд.

Поранешниот премиер дојде на функција во 2018 година, но минатата гоидина народот му изгласа недоверба.

Тој се соочува со повеќе од 100 случаи покренати против него. Тој за обвинувањата вели дека се политички мотивирани.

Подароците – вредат 140 милиони пакистански рупии (635.000 американски долари; 500.000 фунти) и  вклучуваат часовници Ролекс и накит.

Адвокатот на Имран Кан, Инстазар Хусеин Панјута, изјави за Би-Би-Си дека за време на судењето на обвинетиот никогаш не му била дадена можност да се брани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот