Рудолф Џулијани / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Поранешниот градоначалник на Њујорк Џулијани хоспитализиран по сообраќајна несреќа во Њу Хемпшир

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, беше хоспитализиран во недела вечерта по сообраќајна несреќа во близина на Манчестер во американската држава Њу Хемпшир, изјави неговиот портпарол Мајкл Рагуса.

Во објава на ИКС Network, Рагуса се наведува дека 81 годишниот  Џулијани, претрпел фрактура на пршлен и неколку посекотини откако друго возило со голема брзина го удрил неговиот изнајмен автомобил.

Рагуса додаде дека Џулијани е во „одлично расположение“ и се очекува да биде отпуштен од болница за неколку дена, објави Ројтерс.

Џулијани беше адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговите неуспешни обиди да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот