Герхард Шредер
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Поранешниот германски канцелар Шредер хоспитализиран поради исцрпеност, не може да сведочи за „Северен тек 2“

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е хоспитализиран поради „тешка исцрпеност“ (burnout), јави ДПА.

Според писмото од неговиот лекар, Шредер страда од синдром на сериозна исцрпеност со типични симптоми на длабока замореност и сериозен недостиг на енергија.

Осумдесетгодишниот политичар има проблеми со концентрацијата и меморијата, страда од нарушувања на сонот и намалена емоционална отпорност, се наведува во медицинскиот извештај.

По препорака на неговиот лекар, Шредер побарал хоспитализација, потврди неговиот адвокат Ханс-Петер Хубер за ДПА.

Светската здравствена организација (СЗО) го дефинира „burnout“ како „професионален феномен“ предизвикан од хроничен стрес на работното место кој не е успешно менаџиран.

Иако Шредер ја напушти канцеларската функција пред 20 години, тој водеше активна – но и контроверзна – кариера по политиката.

Поранешниот лидер на Социјалдемократската партија беше остро критикуван за своите врски со Русија.

Тој работеше за неколку руски државни компании и одржува блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин.

Во јануари, Шредер ја откажа најавената изјава пред парламентарната комисија во северната покраина Мекленбург-Западна Померанија, која истражуваше детали за изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, проект што тој го поддржуваше додека беше канцелар.

Неговиот лекар истакна дека Шредер во моментов, а најверојатно и во блиска иднина, не е способен да се носи со физичкиот и психолошкиот напор на долго – особено јавно – сослушување во истражна комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот