Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Поранешниот амбасадор Есмеров ја кажа вистината за партиските уплатници на ВМРО-ДПМНЕ
Даниела Рангелова, поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ по телефон ме извести дека имало некаква истрага против неа и мене. Набрзо од Будимпешта дојдов во Скопје и побарав прием кај обвинителката Ленче Ристеска која ме извести дека имало 30 уплатници кои наводно јас и Рангелова сме ги поделиле на луѓе. Јас и потврдив дека сум поделил уплатници, а знам дека Рангелова тоа не го има сторено, изјави на денешното рочиште за случајот “Талир”, поранешниот амбасадор Игор Есмеров.
Препорачано
– Уплатниците ги пополнија лица кои ги затекнав во партискиот штаб. Ова се случуваше во април или мај 2011 година. Јас во тој период бев претседател на Општинскиот комитет во Центар. Токму во просториите на овој комитет се пополнуваа уплатниците – рече Есмеров.
Тој рече дека тој никогаш не уплатил пари од членарина во партијата.
– Тоа беа „ситни“ пари, се користеа за режиски трошоци како хартија, кафе или пијалоци. Јас сакав да ја кажам вистината бидејќи под истрага беа и лица за кои знаев дека не се вмешани во делење на уплатниците или незаконски уплати. Ме револтираше фактот што против некои луѓе имаше сведоци кои не ја зборуваа вистината бидејќи јас ги поделив уплатниците – нагласи Есмеров.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
20мин
-
36мин
-
43мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5