
Поранешната сопруга на Бил Гејтс ја откри трогателната приказна за тоа како нивниот син го добил своето име
Мелинда Френч Гејтс, познат филантроп и поранешна сопруга на Бил Гејтс, во својата нова книга „Следниот ден“ ја сподели трогателната приказна за тоа како нејзиниот син Рори Џон Гејтс го добил своето име.
Препорачано
Емотивното поглавје е посветено на нејзиниот близок пријател Џон Нилсон, чие име нивниот син го носи како средно име.
Мелинда и Џон Нилсон се запознале додека таа работела во Мајкрософт, а нивното пријателство набрзо станало едно од најважните во нејзиниот живот.
„Му реков на Џон дека, освен нашите деца и семејството, нашиот однос со него и неговата сопруга Еми беше еден од најважните во нашите животи“, напиша Мелинда.
За жал, нивното пријателство го прекинала битката на Нилсон со агресивната форма на не-Хочкинов лимфом.
Додека Мелинда била бремена со Рори, здравјето на Нилсон се влошило. Во моментите кога се соочувала со доаѓањето на нов живот и загубата на драг пријател, таа решила на својот син да му даде средно име во чест на Џон.
„Му реков дека го сакам и дека мојот син ќе го носи неговото име“, се сеќава Мелинда.
Нилсон успеал да го доживее раѓањето на Рори, а на последната фотографија од нов двајца се гледа како Џон го држи во раце малиот Рори.
„Таа фотографија носи тага, но и радост. Во неговиот скут седи мојот син, Рори Џон Гејтс“, напиша Мелинда.
Поранешната сопруга на Бил Гејтс призна дека ѝ било тешко да ги преживее тие моменти додека ја пишувала книгата, но смета дека приказната е автентично пренесена. Книгата „The Next Day“, која ќе излезе на 15 април, носи уште многу интересни детали од нејзиниот живот по разводот и нејзините филантропски проекти.