сана марин
Сана Марин / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поранешната премиерка на Финска, Сана Марин, се разведе откако уживаше во бурното лето

Поранешната премиерка на Финска, популарната Сана Марин, позната по своите атрактивни изданија на музичките фестивали и многубројните забави, го финализираше разводот со сега веќе поранешниот сопруг.

Како што пишува „Њујорк пост“, за крајот на бракот на финската политичарка се шпекулираше уште минатата година поради нејзиното разуздано танцување со нејзините славни пријатели, а минатиот мај Марин објави дека таа и Маркус Раиконен се разделуваат откако се венчаа во 2020 година. Имено, разводот ја „мотивираше“ Сана на голем број предизвикувачки изданија на фестивалите минатото лето кои кружеа на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/Сана Марин

Да потсетиме, Марин на почетокот на септември се повлече од функцијата претседателка на Социјалдемократската партија со надеж дека на тој начин ќе го оттргне вниманието од приватниот живот по четири години на чело на партијата, а разводот меѓу Марин и Раиконен е финализирани во понеделникот во Окружниот суд, објави финскиот весник „Јле“. Кога поднесоа барање за развод пред осум месеци, тие објавија заедничка изјава „во која ветија дека ќе останат најдобри пријатели“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Марин и Раиконен, инвеститор и пензиониран фудбалер, имаат ќерка и беа заедно 19 години пред да се венчаат во 2020 година.

– Заедно ја живеевме младоста, заедно зачекоривме во зрелоста и заедно станавме родители на нашата мила ќерка – напиша тогаш Марин на Инстаграм.

Инаку, Марин стана најмладата премиерка на светот кога победи на изборите во 2019 година на 34 години, но се најде на мета на критики во август минатата година кога протекоа видеа од нејзината „луда“ журка.

Марин сега е стратешки советник на Институтот Тони Блер, кој работи со политичките лидери „на создавањето вистински промени за своите луѓе преку советување за стратегија, политика и остварување“. Таа, исто така, се пресели од Тампере во Хелсинки во октомври, откако се повлече од функцијата во градското собрание на овој фински град, објави „Јле“.

Финската премиерка во поинакво светло: Сана Марин во чизми и кожна јакна на рок фестивал

Сана Марин се повлече и од местото претседател на партијата

Сана Марин се разведува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот