фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Поранешен српски кошаркар: Ѓоковиќ е полуписмен човек кој западот го користи за политички цели

Еден од најдобрите тенисери на денешницава, Новак Ѓоковиќ дава целосна поддршка на студентите кои протестираат против Владата предводена од СНС како и против српскиот претседател Александар Вучиќ. Поради јавното поддржување на Ѓоковиќ, многумина му замеруваат а меѓу нив е и поранешниот српски кошаркар  Љубодраг Симоновиќ кој остро го нападна Ѓоковиќ нарекувајќи го „платеник“.

„Некои добиваат многу пари и се подготвени да зборуваат сè против Србија. Така е и со Ѓоковиќ – него Западот го користи. Дури го планираат да биде претседател на Србија. Замислете го тој идиотизам – еден полуписмен човек кој нема ни основно образование“, изјави Симоновиќ.

Во меѓувреме, Ѓоковиќ донесе одлука да се пресели во Атина, заедно со организацијата на турнирот што претходно се одржуваше во Белград, што дополнително предизвика реакции во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот