Фото: EPA PHOTO BELGA/YVES BOUCAU

Поранешен репрезентативец на Хрватска заврши во полиција, учествувал во организиран криминал?

Утрово полицијата во Хрватска имала голема акција во која помеѓу уапсените 60 лица бил и поранешниот репрезентативец, Јосип Шимиќ.

Како што пренесуваат хрватските медиуми станувало збор за учество во организиран криминал, а групата наводно направила неколку кривични дела, но засега не се откриваат повеќе информации.

Се наведува и дека со своите активности буџетот на државата бил оштетен за најмалку два милиони евра.

Кога е Шимиќ во прашање тој во кариерата беше репрезентативец на Хрватска, додека на клупски план настапуваше за: Динамо Загреб, Клуб Бриж, Арис и уште неколку клубови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот