Акропол/Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Поради жештините, Акропол и археолошките локалитети во Атина и викендов ќе бидат затворени од 12 до 17 часот

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот, јавуваат медиумите.

Мерката првично беше воведена во вторникот, а од Министерството за култура на Грција и од Археолошката управа во Атина соопштија дека одлуката е продолжена и во текот на викендот, а е за заштита на вработените и посетителите од високите температури.

Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.

Вчера, како што објави МИА, беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот