И Акропол затворен за туристите поради топлотниот бран/Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Поради топлотниот бран затворени сите археолошки локалитети во Грција

Во Грција денеска повторно се очекуваат високи температури 11-ти ден по ред, а топлотниот бран ќе се задржи до недела.

Министерството за култура соопшти дека поради високите температури, сите археолошки локалитети во Атина ќе бидат затворени од 12 до 17 часот.

– Како што веќе беше соопштено од Градското археолошко друштво на Атина и Организацијата за управување и развој на културни ресурси, поради прогнозата за високи температури, сите археолошки локалитети ќе бидат затворени од 12 до 17 часот – соопшти грчкото Министерство за култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот