
Поради овие прекршоци, ќе ја изгубите засекогаш возачката дозвола во Германија
Од казни и привремени забрани за возење до трајно губење на возачка дозвола: особено сериозните прекршоци можат да доведат до трајно, неповратно суспендирање на возачката дозвола во Германија. Во тие случаи, Кривичниот законик предвидува јасни правила за обезбедување на безбедноста во сообраќајот- објави Радио Сараево.
Препорачано
Трајното одземање на возачката дозвола е една од најстрогите казни во сообраќајното право. Се применува само во случај на особено сериозни прекршоци. Член 69а од Кривичниот законик во Германија вели: „Забраната може да се изрече засекогаш ако се очекува дека законскиот максимален период на забрана нема да биде доволен за да се спречи опасноста што ја претставува сторителот.“
Ова се случува во случаи како: повторено возење под дејство на алкохол, игнорирање на веќе изречени забрани, нелегални трки со фатални последици, груба небрежност или намерно загрозување на безбедноста во сообраќајот, бегање од местото на несреќата со сериозни последици и од здравствени причини – трајна физичка или ментална неспособност за возење.
Германското право прави разлика помеѓу казни, привремени забрани и конечно губење на дозволата. Така 1 поен се добива за помали прекршоци, 2 поени за посериозни прекршоци, а 3 поени – за кривични дела што вклучуваат одземање на дозвола. По 8 поени, дозволата се одзема. Нова дозвола може да се побара само по најмалку шест месеци и по позитивен психолошко-медицински тест (MPU), пишува Fenix.
Медицинско-психолошкото тестирање (MPU) во Германија проверува дали лицето е сè уште способно да вози по сериозни сообраќајни прекршоци. Се состои од медицински преглед, тест за способност, психолошки разговор. Независно од тоа, судовите или властите можат да изречат привремени забрани за возење – на пр. во случај на сериозно пребрзо возење или поминување на црвено светло. Тие обично траат од еден до три месеци, по што возачката дозвола автоматски се враќа, пишува Рур.