Фото: ЈП „Паркови и зеленило“

Поради најавениот засилен ветер, надлежните со апел да не се паркираат возилата под дрвјата

Апелот следува по најавата на УХМР за појава на засилен јужен ветер над 60км/час и можна појава на краткотраен дожд во попладневните часови денес и утре

ЈП „Паркови и зеленило“ излезе со апел до граѓаните да не ги оставаат сопствените возила под високите дрвја поради најавената појава на засилен ветер.

– По најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за појава на засилен јужен ветер над 60км/час и можна појава на краткотраен дожд во попладневните часови денес и утре, ги молиме граѓаните да не ги паркираат своите возила под високте дрвја, со цел да се избегнат несакани последици. Исто така, доколку забележите паднато дрво можете да го пријавите во Центарот за управување со кризи на телефон 195 или да ни се обртите со директна порака или мејл, за нашите екипи да интервенираат -стои во објавата на ЈП „Паркови и зеленило“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот