
Поради љубовта со самопрогласениот шаман, норвешката принцеза се откажува од кралските должности
Норвешката принцеза Марта Луиз, која е верена за самопрогласен шаман и поборник за контроверзни алтернативни терапии, се откажала од своите службени должности за подобро да ги одвои личните активности од нејзините должности како принцеза.
Препорачано
„Принцезата и нејзиниот вереник Дурек Верет сакаат појасна разлика меѓу нивните активности и кралското домаќинство“, соопшти палатата.
View this post on Instagram
„Ова значи дека таа повеќе нема да ја користи титулата принцеза и нема да ги споменува членовите на кралското семејство на нејзините социјални мрежи, во медиумски продукции или како дел од други комерцијални активности“, се додава, наведувајќи дека Марта Луиз „ќе ја задржи титула“ принцеза.
Најстарата ќерка на норвешката кралска двојка и четврта во редот за наследување на круната. 51-годишната принцеза решила да започне нов живот со самопрогласениот духовен водич популарен во Холивуд, Дурек Верет. Во јуни парот објави дека се вериле.
View this post on Instagram
Принцезата, која важи за ексцентрична, тврди дека може да комуницира со ангели, на што се обидува да ги научи другите.
Дурек Верет се претставува како „шаман од шестата генерација“, а меѓу своите ученици ги вбројува Антонио Бандерас и Гвинет Палтроу. Повеќе од половина од Норвежаните не ја поддржуваат двојката и сакаат Марта Луиз да се откаже од титулата принцеза, бидејќи таа веќе се откажала од повеќето титули, вклучувајќи ја и титулата кралско височество.
View this post on Instagram
Принцезата се разведе од првиот сопруг, кој потоа изврши самоубиство.
Норвешката принцеза поради бисексуалниот дечко повеќе нема да ја користи кралската титула (ФОТО)