Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Поради корупција уапсен поранешниот градоначалник на Кукс, кој стана познат по секс скандалот со девојка во неговата канцеларија
Поранешниот градоначалник на северниот албански град Кукс, Сафет Ѓици, доцна попладнево е уапсен по налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК.
Препорачано
Според медиумите полицијата му ставила лисици на рацете на Ѓици додека бил во кафеана под неговиот стан, со што дематирани се информациите во дел од медиумите дека избегал во Дубаи по објавеното видео каде тој е во интимни моменти со девојка во службените простории.
СПАК ја добил целосната снимка, додека Ѓици е осомничен дека со тендер направил корупција, а по проверки во општина Кукс поднесено е барање за негово апсење.
По објавувањето на видеото, Сафет Ѓици поднесе оставка велејќи дека е „жртва на стапица и дека се покажал како несериозен” и им се извини на жителите на општината.
По оставката, Владата истиот ден донесе одлука за негово разрешување а СПАК почна истрага и му забрани да ја напушта земјата.
Сафет Ѓици (51) на локалните избори на 14 мај беше реизбран и се очекуваше официјално да го почне вториот мандат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
10мин
-
20мин
-
26мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5