Кренар Лога - министер за правда / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Поради конфликт на интереси, Лога од Судски совет бара да ја изземе Лорета Ѓоргиева од Комисијата на известители

Министерот за правда Кренар Лога со писмен допис бара од Судски совет поради конфликт на интереси да ја изземе Лорета Ѓоргиева од Комисијата на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, соопштија попладнево од ресорното Министерство.

Министерот за правда Кренар Лога, како што потенцираат, во дописот до Судски совет наведува дека и покрај претходните укажувања за навремено доставување на материјалите, тие не му се доставуваат ниту пред ниту после одржувањето на седницата која е одржана на 23 ноември.

„Недозволиво е министер за правда да се информира за точките од дневниот ред од медиумите преку кои бевме информирани за изборот на Лорета Ѓоргиева за член на Комисијата. Поради конфликтот на интереси и фактот што Ѓоргиева јавно застана во одбрана на судијата Лазар Нанев кој неодамна беше ослободен од функцијата претседател и член на Советот на ИКТ, министерот за правда бара Судскиот совет да ја изземе Ѓоргиева од Комисијата на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател“, вели Лога во дописот до Судски совет.

Доколку Ѓоргиева не се изземе од Комисијата, се наведува во соопштението, Судскиот совет прави лош преседан со кој ќе се намали и онака ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот