Автомобил одземен од полицијата поради учество во „диви“ трки во Скопје / Фото: МВР

Поради „диви трки“ и преголема бучавост одземени десет возила

Полицијата денеска одзела десет возила поради предизвикување голема бучава и т.н. диви трки на булеварот „Трета македонска бригада“, во Скопје. Како што информира МВР, денеска во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Трета македонска бригада“, се одвиваат т.н. диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава.

-Веднаш по пријавата од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што истите се сопрени и привремено се одземени 10 патнички моторни возила поради основано сомнение за техничка неисправност на возила. Истите ќе бидат однесени во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали возилата се технички исправни и дали ги исполнуваат условите за учество во сообраќајот, се вели во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот