Седница на Уставен суд / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Пописот на населението на дневен ред на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 6.седница на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставност и законитост.

На дневен ред е оспорениот акт: Дел II „Општ дел“ точка 5 потточка 1 во делот „Вкупно резидентно населние“ го сочинуваат следните лица-единици на Попис“ и потточка 2 во делот „Вкупно нерезидентно население“ го сочинуваат следните лица-единици на Попис“ од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 30/2021)

Според подносител на иницијативата, Скендер Реџепи содржината на Методологијата има категории на населението за кои ќе се обезбедат податоци со пописот, односно категорија „вкупно резидентно население” и „вкупо нерезидентно население”, што не се предвидени во членот 6 став 1 алинеја 1, или пак со член 17 став 2 алинеја 1 од Законот за попис на населението не е предвидено директорот на Заводот за статистика да предвидува посебни категории.

Подносителот, како што е објавено на веб страницата на Уставниот суд, смета дека со оспорените одредби се повредува владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок и се создава правна несигурност.

Дополнително, подносителот во иницијативата наведува дека е повредена еднаквоста на граѓаните како уставно загарантирана со членот 9, бидејќи само поради фактот дека некој граѓанин не се наоѓа во државата додека се вршел Пописот, му се скратуваат одредени права, меѓу кои и правото на вработување.

На денешната седница се и предметите во врска оспорени членови од Законот за судовите, од Законот за кривичната постапка, од Законот за престанување на важењето на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, од Законот за организација и работа на органите на државната управа, Правилник за додаток на плата, негова висина и начинот на утврдување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и од Правилникот за начинот на плаќањето на здравствените услуги во примарната стоматолошка здравствена заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот