Поништена постапката за набавка на регистарски таблички

Постапката набавка на регистарски таблички за сите видови возила е поништена, но од Министерството за внатрешни работи не соопштуваат кои се причините со образложение дека постапката моментално е пред Државната комисија за жалби. Нема информации колку компании се пријавиле и која се жали.

– Последниот оглас за јавна набавка за регистарски таблички за моторни возила е објавен на 26.05.2025 година со рок за поднесување на понуди до 25.06.2025 година. Со оваа постапка за набавка планирано е да се опфатат сите видови на обрасци на регистарски таблички за сите видови на возила. За постапката беше донесена одлука за поништување и моментално е во жалба пред Државната комисија за жалби по јавни набавки, за што не можеме да дадеме повеќе информации во оваа фаза – велат од Министерството за „Слободен печат“.

Застој во регистрацијата на возилата имаше во 2021 година откако истече договорот со старата фирма „Раде Кончар“ и МВР по повеќе од две децении ја прекинаа соработката.

Новата набавка беше обжалена и одложена од Државната комисија за жалби по јавни набавки, па МВР тогаш спроведе итна постапка за обезбедување таблички и беше избрана фирмата „Квантум“ која во соработка со германска компанија ги испорачуваше табличките со „НМК“ со потпишување на рамковен договор.

Фирмата „Квантум“ како друштво за сообраќаен, внатрешен и надворешен промет е запишана во Централниот регистар во 1990 година. Сопственик е Алија Реџиќ. Од она што може да се види на Комисијата за жалби по јавни набавки токму фирмата „Квантум“ се жаи на постапката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот