Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Помпео: Комунистичката партија на Кина е централна закана за нашето време

„Иако ние сè уште мора да бидеме исклучително будни во врска со тероризмот, кинеската Комунистичка партија е централна закана за нашето време“, потенцираше Помпео.

Кина е централна закана на нашето време, оцени денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео, по средбата со неговиот британски колега Доминиќ Раб во Лондон.

Тој додаде дека САД и сојузниците мора да обезбедат воена и технолошка моќ за да овозможат „во овој век да владеат западните принципи“.

– Иако ние сè уште мора да бидеме исклучително будни во врска со тероризмот, кинеската Комунистичка партија е централна закана за нашето време – потенцираше Помпео.

Тој додаде дека Кина има огромна економија, со неверојатен деловен потенцијал, но дека Комунистичката партија јасно стави до знаење дека нејзината агенда не е во согласност со западните вредности, особено во однос на технологијата, Светската трговска организација, инфраструктурата и воените способности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот