Фото: МИА, Принтскрин / Колаж: Слободен печат

Помошник на Груби за проектот на „Бехтел и Енка“ ќе биде професорката Семијал Хасани Зибери, ќе зема плата од 70.052 денари

За помошник на Артан Груби, кој е главен и одговорен координатор на инфраструктурниот проекет Коридор 8 и Коридор 10д е избрана професорката Семијал Хасани Зибери, а нејзината плата ќе изнесува 70.052 денари. За местото координатор на единицата за техничка изведба на проектот, за кое е предвидена плата од 65.029 денари, ќе биде ангажиран Рами Јусуфи, откако Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) донесе одлука за вработување работници во проектната единица за спроведување на проектот.

Како што соопштија од ЈПДП, вработени се само двајца од планираните четворица специјалисти за експропријација на имот предвидени со огласот. Ангажман добиле и еден преведувач, а наместо по двајца извршен е избор на по еден специјалист за следење и подготовка на проектна документација, еден административен работник и еден возач. Не е извршен избор за позицијата известувач за проектот, специјалист за инвестиции и градба на патишта, како и специјалист за урбанистичко планска документација.

Огласот беше објавен на 19 април и траеше до 25 април, а договорот е до 22 јануари 2028 година, односно до завршување на проектот.

За спроведување на Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ со кој е предвидена изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10д, неодамна во Собранието беа изгласани измени на шест закони.

Планирана е изградба на автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( 27 километри) и на делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!