Фото: UEFA

Полувреме: Монако пред дебакл во Бриж, минимална предност за Копенхаген

Со денешните натпревари се заокружува првото коло од Лигата на шампионите. Во термин од 18:45 часот на програмата се два дуели – Монако е во големи проблеми во Бриж каде што домаќинот убедливо води (3-0), додека предност има и Копенхаген (1-0).

Од 21 час следуваат уште четири средби: Ајнтрахт Франкфурт – Галатасарај, Манчестер Сити – Наполи, Њукасл – Барселона и Спортинг – Кајрат Алмати.

Претходните два дена веќе се одиграа по шест меча. Во вторник славеа Арсенал, Ројал Унион, Карабаг, Тотенхем и Реал, додека Јувентус и Дортмунд одиграа спектакуларни 4:4. Вчера пак, Интер, Баерн, Ливерпул и ПСЖ ги запишаа првите победи, додека Олимпијакос – Пафос и Славија – Бодо/Глимт ремизираа.

 

Превземено од: https://sport.com.mk/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот