НАТО И полско знаме зад тенк Амбрамс на вооружените сили на Полска - EPA/TOMS KALNINS

Полска воведе ограничувања во воздушниот сообраќај по должината на источната граница

Полска воведе ограничувања во воздушниот сообраќај по должината на своите источни граници со Белорусија и Украина, соопшти во понеделникот Оперативната команда на полските вооружени сили.

„На барање на Оперативната команда на ограноците на вооружените сили, ќе бидат воведени ограничувања во воздушниот сообраќај во источниот дел на Полска во форма на ограничена зона EP e129“, соопшти Полската агенција за воздушна навигација.

Ограничувањата стапија на сила во 22 часот во среда и ќе останат на сила до 9 декември, се вели во соопштението.

Одлуката доаѓа по зголемените тензии и повеќекратните упади на беспилотни летала во воздушниот простор на членката на НАТО, објави Ројтерс.

Полска вчера собори сомнителни руски беспилотни летала во својот воздушен простор со поддршка на авиони од своите сојузници во НАТО, што е прв пат членка на западната воена алијанса да пука за време на руска воена операција во Украина.

Руското Министерство за одбрана во среда соопшти дека нејзините беспилотни летала извршиле голем напад врз воени објекти во Западна Украина, но дека не планирале да погодат никакви цели во Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот