Полска соборени руски дронови EPA/WOJTEK JARGILO POLAND OUT

Полска: Русите планирале саботажи со беспилотни летала и скриени експлозиви

Полските власти веруваат дека руските разузнавачки служби подготвувале серија напади и саботажи на нивна територија, како и во соседните Литванија и Германија, користејќи беспилотни летала и скриени експлозиви, пишува „Украинска правда“.

Детали за истрагата

Според информации од извори поврзани со обвинителството и Агенцијата за внатрешна безбедност, истражителите добиле клучни докази за време на истрагата за притворениот агент Владислав Г. Се верува дека тој дејствувал во име на Руската главна дирекција за разузнавање, попозната како ГРУ.

Истражителите тврдат дека неговите претпоставени му наредиле да набави лопата и да ископа дупки и да вметне конзерви означени како конзерви од слатка пченка на локалните гробишта. Потоа требало да ги остави овие предмети на однапред одредена локација во близина на градот Лоѓ.

„Нашата проценка е дека руската воена разузнавачка служба, ГРУ, подготвувала терористички напади користејќи беспилотни летала и конзерви што содржеле моќни експлозиви наместо пченка“, велат изворите.

Експлозиви во конзерви од пченка

Понатамошните наоди од истрагата укажуваат дека слични операции се подготвувале не само во Полска, туку веројатно и во Литванија и Германија. Идентични „конзерви со слатка пченка“ беа пронајдени и на гробишта во Литванија.

Осомничениот се товари и за транспорт на компоненти за беспилотни летала и СИМ картички помеѓу Литванија, Полска и Германија. Доколку се докажат обвиненијата против него, Владислав Г. се соочува со доживотен затвор. Обвинителството очекува да ја заврши истрагата до крајот на оваа година.

Овие случувања доаѓаат откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави претходно оваа недела дека неговата земја „веќе не живее во мир“, иако не е во војна во класична смисла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот