Бисквити / Фото: Alexander Fox | PlaNet Fox за „Pixabay“

Полска повлече бисквити од Србија поради преголема содржина на сулфур диоксид

Полска ги повлече од пазарот бисквитите со потекло од Србија поради присуството на четири пати повеќе адитиви – конзерванс Е220 – од дозволеното, објави европскиот систем за брзо предупредување и информации за храна РАСФФ. Полска, по официјалната контрола на пазарот, утврдила дека бисквитите со потекло од Србија (производителот не е објавен) има „прекумерно висока содржина“ на сулфур диоксид, објави РАСФФ, пренесува Н1. Станува збор за прехранбениот адитив Е220 кој се користи како конзерванс. „Во примерокот земен на 23 септември 2024 година, откриена е претерано висока содржина на сулфур диоксид Е220 во количина од 199±28 милиграми по килограм (мг/kг – ppm), а максималната дозволена количина е 50 милиграми по килограм, стои на веб-страницата на РАСФФ.

Производот е повлечен од пазарот, а информирани се и надлежните институции, се наведува. Согласно Правилникот за прехранбени адитиви, на листата на одобрени адитиви е E220 сулфур диоксид. Припаѓа на конзерванси, кои го забавуваат расипувањето на храната предизвикано од мувла, воздух, бактерии, габи и квасци. Несаканите ефекти на Е220 вклучуваат – иритација на дигестивниот тракт, можност за алергиска реакција кај астматичари. Исто така, се наведува дека Е220 ги уништува витамините Б1 и Б12, пренесува Данас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот