Доналд Туск/ Фото: EPA-EFE/Marcin Obara

Полска ќе воведе гранични контроли со Германија и Литванија од 7 јули

Полска ќе воведе гранични контроли со Германија и Литванија од 7 јули, објавија светските агенции. Ова го објави денеска полскиот премиер Доналд Туск. Тој објасни дека станува збор за привремена мерка.

Премиерот ја објави веста по состанокот на полската влада. Оваа одлука следеше по неодамнешното заострување на граничните контроли од страна на Германија и откако новата германска влада на канцеларот Фридрих Мерц ја презеде функцијата во Берлин.

Според германските правила, германската гранична полиција има инструкции да им забрани пристап на германска територија на нелегални мигранти, дури и на оние кои бараат азил. Оваа мерка предизвика критики од Полска.

Германски суд пресуди дека германските власти немаат право да враќаат мигранти на границата, но германската влада одлучи да се држи до мерката што ја воведе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот