Половните автомобили треба значително да поевтинат од јануари

На почетокот на следната година е најавено намалување на давачките за увоз на половни автомобили, со кое се очекува и да паднат цените на користените возила во земјава, пишува „Денар.мк“.

Според економските анализи и трендовите на пазарот, се очекува цените на половните автомобили да опаднат за значителни 15 до 20 отсто, посебно кај возилата постари од 10 години, пишува порталот.

Препоставениот пад на цените би бил резултат на воведувањето пониски даноци на емисијата на јаглерод диоксид, како и намалувањето на ДДВ за увоз на автомобили, кој ќе важи од Нова година.

Владата во изминатиот период презеде неколку мерки за поевтинување на увозот на половни автомобили. Една од најважните мерки е намалувањето на данокот на емисијата на ЦО2, кој директно влијае на крајната цена на возилата. Оваа мерка се очекува да овозможи намалување на цените на возилата постари од десет години, кои се најприфатливи за најголемиот дел од купувачите во земјата.

Намалувањето на ДДВ-то за понови автомобили исто така ќе го подобри пазарот за оние кои сакаат да купат возила со помали издувни гасови и повисоки еколошки стандарди. Токму оваа комбинација на мерки се очекува да создаде нови економски прилики и за граѓаните, и за трговците со половни автомобили.

Прочитајте ја целата анализа на „Денар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот