Судии судија судство
Илустрација: судија / Фото: Архива на „Слободен печат“

Политичките партии и извршната власт не треба да влијаат на независноста на судската власт, велат од Блупринт групата

Блупринт групата за реформи во правосудството останува на ставот дека политичките партии и извршната власт не треба да даваат изјави и да делуваат на независноста на судската власт, затоа што таа е независна и треба да остане таква.

Александра Цветановска, претседателка на Македонско здружение на млади правници, кое што е координатор на Блупринт групата вели дека какви било чекори во однос на тоа би биле опасен преседан затоа што секогаш кога би се менувала власта би можело да се менуваат законите.

– Така се доведува реално и во опасност независноста и непристрасноста на правосудните органи, нагласи Цветановска.

Пред почетокот на завршната конференција на проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“, Цветановска рече дека тие во изминатата година и половина имале конструктивни ставови во однос на реформите во правосудството и биле вклучени во секторската развојна стратегија за судството.

– Во изминатата година направивме навистина многу во однос на тоа какви реформски приоритети треба да бидат во судството. На кој начин да се одвиваат и како можеме да ја вратиме довербата на граѓаните во правосудството и во институциите на системот и како може да се направата суштински промени, изјави Цветановска.

Блупринт групата за реформи во правосудството е неформална мрежа на граѓански организации кои во изминатите години работат и делуваат во областа на правосудството.

Проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“, што Блупринт групата го спроведува од јануари 2023 година, има општа цел да се зајакне учеството, придонесот и влијанието на граѓанското општество преку Блупринт групата во процесите за реформи на правосудството и пристапување кон ЕУ, а кои се однесуваат на кластерот Основи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот