
Полицијата уапси четворица членови на „Беланоца-Барон“, убивале по нарачка или од одмазда
Четворица луѓе се приведени денеска во Скопје, а во домот на еден од осомничените е пронајдено поголемо количество на марихуана, што ќе биде предмет на вештачење, ифмормираат од Обвинителсвото за гонење на организиран криминал и корупција во врска со акцијата наречена „Бункер“, во која се гонеа членови на криминалната група „Беланоца-Барон“.
Препорачано
Од обвинителството појаснуваат дека за четворицата приведени постои основано сомнение дека сториле кривично дело „злосторничко здружување“ и кривично дело „убиство“, а еден од осомничените сторил и кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„Според обезбедените докази, во текот на 2023 година осомничените станале припадници на група која дејствувала подолг временски период и имала за цел вршење на кривични дела убиство од одмазда и по порачка, за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор и други кривични дела. Тие прифаќајќи ги одлуките и насоките од организаторите на криминалната група, во континуитет преземале дејствија на обезбедување услови, отстранување пречки и ставање средства на располагање за извршување на порачките за убиства“, велат од ОЈО ГОКК.
Од МВР дополнуваат дека тројца од осомничените во текот на месец јули 2023 година, „на македонска и грчка територија, поттикнати и по порачка од претходно осомничен – организатор на групата, презеле дејствија на извидување на локација на оштетен и обезбедување средства за вршење на кривичното дело, при што во Грција бил убиен припадник на спротивставена организирана криминална група“.
Во декември лани, Обвинителството отвори истрага против 18 припадници на криминалната банда „Беланоца-Барон“. Осомничените во период од 2020 до 2024 година, организирале убиства на вкупно осум луѓе, при што тројца други биле ранети, а на тројца им бил загрозен животот.